(Фото и видео) Ангелов: Јапонски метод на македонски начин за спречување поројни поплави во Радовишко
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, денеска со меѓународни високи претставници за кризен менџмент од Јапонија и од Балканот, беше на теренска обиколка на планината Плачковица од Радовишка страна над највисокото село Коџалија. Во рамките на завршниот Регионален семинар ,,Проектот за градење на капацитети за екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи „Eco-DRR“, поддржан од Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија – (ЈИЦА JICA), што се одржува во Скопје, се презентираа сите активности од проектот коишто беа имплементирани и на терен. Практично, се оствари теренска посета на проектната локација на подрачјето на Општина Радовиш, со цел да се согледа практичната примена на „Еко-ДРР“и конкретните стратшки мерки на терен за намалување на ризикот од катастрофи – во случајот од поројни поплави.
Конкретно, преку овој проект во Република Северна Македонија беа применети теоретски и практични мерки од концептот на екосистемски-базирано намалување на ризици од катастрофи (Eco-DRR), со крајна цел да се намали интензитетот и фреквентноста на природни непогоди, како што се поројните поплави, лизгање на земјиштето и ерозија на почвата, кои со децении наназад предизвикуваат големи физички штети, социо-економски последици и доведуваат до тешка деградација на природната средина.
Ангелов посочи дека Благодарение на заедничките интензивни активности на Центарот за управување со кризи, координирани од Стевко Стефаноски и одличната поддршка и соработка со JICA, од идната година во оваа Регионална програма ќе се приклучат Албанија и Босна и Херцеговина, а јас искрено се надевам дека и Република Србија ќе го стори истото, со што целиот регион ќе биде дел оваа ЈИЦА мрежа за соработка”.
Дума.мк