Годинешните „Денови на Благоја Корубин“ посветени на “Јазикот во медиумите – состојби, предизвици, перспективи“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од Скопје, во рамките на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“, традиција што трае речиси три децении, годинава, по 29 пат, организира Меѓународен научен собир на тема: Јазикот во медиумите – состојби, предизвици, перспективи.
Медиумите силно дејствуваат во обликувањето на јазикот на една заедница, а истовремено се и многу влијателен фактор во градењето на културниот, општествениот и политичкиот живот на заедницата. Медиумските текстови денес имаат општествена функција и се еден вид „конверзација“ за актуелни прашања.
Собирот се одржува вчера 15 – ти и денеска 16 мај 2025 година во просториите на Институтот за македонски јазик, со почеток во 10 часот.
Поздравни обраќања ќе имаат директорката на Институтот за македонски јазик проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и претседателката на Меѓународниот организациски одбор проф. д-р Катица Топлиска-Евроска, а промотор на Зборникот„ Јазикот во уметничката литература“ ќе биде проф. д-р Лилјана Макаријоска.
Оваа тема претставува предизвик за научни истражувања, но е интересна и практична за новинарите, за лекторите и за сите медиумски работници.
Дума.мк
