Гужва на „Табановце“ и „Богородица“, се чека околу еден час
Објавено на 31 јули, 2023 во 09:29
На патните правци надвор од градските средини зголемен е интензитетот на сообраќај, а поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез во државата и ГП Богородица за излез од државата се чека околу еден час, соопштија од АМСМ.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Дума.мк