Холандската влада ги укинува повеќето анти-ковид ограничувања

Објавено на 11 февруари, 2022 во 10:19

Холандската влада соопшти дека има намера да укине повеќе од анти-ковид ограничувањата до крајот на месецот. Баровите и рестораните повторно ќе бидат отворени до еден часот по полноќ од 18 февруари наместо да се затворат во 22 часот, како што е сега.

До крајот на месецот ќе се укинат мерките за социјална дистанца на јавни места. Сепак, посетителите ќе треба да приложат потврда за вакцинација против Ковид-19, или документ за прележана болест или негативен резултат од тестот за коронавирус.

Ова ќе им овозможи на театрите и кината и спортските места да продолжат со работа со полн капацитет на гледачи. Ноќните клубови ќе ги отворат вратите само со тестирање на сите посетители. Истото ќе важи и за фестивалите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.