И покрај решенијата за карантин: Седум лица ја напуштиле државата

Објавено на 13 август, 2021 во 14:14

Од СВР Тетово информираа дека вчера полициските службеници извршиле проверка по однос на решенија издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат за изречени мерки домашна изолација на лица и домашно лекување и самоизолација.

-Притоа, М.С.(38) од Тетово, малолетно 16-годишно лице од Мала Речица, И.Р. од Жеровјане, А.Ј. (44) од Гостивар, С.З.(38) од Неготино-Полошко, Х.Х.(29) од гостиварско Сенокосе, С.М.(26) од гостиварско Врапчиште и А.И.(21) од гостиварско Дебреше не ги почитувале издадените решенија. Тие ја напуштиле државата и постапиле спротивно на член 206 од Кривичниот законик, наведуваат од СВР Тетово.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.