ИЈЗ: Евидентирани 32 реинфекции со корона од 20 до 26 септември

Објавено на 29 септември, 2021 во 09:55

Податоците на Институтот за јавно здравје во периодот од 20 до 26 септември покажуваат дека регистрирани се 32 реинфекции со Ковид-19, што е намалување од 12,5% во однос на претходната недела.

Од почетокот на пандемијата досега тој број е 555.

Во статистиката на ИЈЗ има податок и за пациент кој трет пат се заразил со корона.

– Од она што го знаеме е дека тие завршуваат со симптоми за лесна и средно тешка клиничка слика и кај нив оние тешки форми и смртен исход се многу малку веројатни, вели д-р Злате Мехмдовиќ специјалист по медицина на труд.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.