ИНА и Кончар ќе ја градат најголемата соларна централа во Хрватска (ВИДЕО)
Објавено на 25 јануари, 2022 во 09:49

Нафтената компанија ИНА потпиша договор за инсталирање на две соларни централи Вирје и Сисак, со вкупен капацитет од 11,6 мегавати (MW), со компанијата Кончар – инженеринг за енергетика и транспорт.
Почетокот на работите за изградба на две соларни централи е планиран за пролет, а производството на електрична енергија најдоцна до 2023 година. ИНА ќе ја испорачува произведената енергија до дистрибутивната мрежа.
ИНА објави дека Вирје, со моќност од 9 MW, станува најголемата соларна централа во изградба во Хрватска. Инаку, моментално најголемата фотоволтаична соларна централа во земјава е Вис, со 3,5 MW, која ја отвори Хрватска електропривреда (ХЕП) во септември 2020 година.
