Јапонија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца постари од 12 години
Објавено на 28 мај, 2021 во 12:17
Јапонското регулаторно тело за здравство ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“ против ковид 19 за деца постари од 12 години, потврди денеска официјален претставник на министерството за здравство.
Овој потег, со кој се намалува сегашниот праг на имунизација од 16 години во Јапонија, следеше по одобрување во САД и други земји овој месец, со кое се овозможува употреба на вакцината на „Фејзер“ кај адолесценти, пренесува „Ројтерс“.
Американската компанија „Фајзер“ во средата објави дека таа и нејзиниот партнер „Бионтек“ започнале со тестирање на вакцината против ковид-19 кај деца под 12-годишна возраст и дека се надеваат дека ќе ја прошират имунизацијата до таа возраст до почетокот на 2022 година.