ЈО: Извештајот од судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството

Објавено на 18 декември, 2023 во 13:41

Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството.

Од Јавното обвинителство соопштија дека се прибираат сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

Првоосомничениот за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ , Љупчо Палевски – Палчо, во моментов е во притвор во Турција и се чека на неговата екстрадиција.

За истите дела се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје, а во притвор се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се сомничи помагал во грабнувањето со тоа што, како што соопштија своевремено надлежните, споделувал информации со останатите осомничени за движењето на неговата ќерка, и Стефан Димковски, возачот кој го возел од Србија до Турција првоосомничениот Палчо.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.