Казнети 236 возачи за брзо возење
Објавено на 1 ноември, 2023 во 12:53
Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола во текот на вчерашниот ден, на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 236 возачи.
-Од нив осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 147 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 89 надвор од населено место, соопштија од МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Дума.мк