Казнети 648 возачи за брзо возење на територија на цела држава
Објавено на 5 јули, 2021 во 12:10
Во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Македонија санкционирани се 648 возачи на возила кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
Од нив, 60 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило, стои во денешното соопштение од МВР, се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
– Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје 117, а потоа на територија на СВР Охрид 82, на територија на СВР Куманово 80, стои во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли ќе продолжат и во наредните денови. Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.