Казнети скоро 200 пешаци на територија на цела држава
Објавено на 15 февруари, 2024 во 10:50
Казнети се 188 пешаци во текот на вчерашниот ден во спроведената сообраќајна контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, соопштија денеска од МВР.
При контролата, санкционирани се 188 пешаци од кои, 163 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин… За време на контролата санкционирани се и 98 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, се додава во соопштението.
Дума.мк