Казни за прекршување на полициски час
Објавено на 28 мај, 2021 во 12:31
Од Министерство за внатрешни работи информираат дека дека шест лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 212 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.