Ќе се разгледуваат нови рестрикции – болничкиот систем оптоварен од невакцинираните пациенти

Објавено на 17 ноември, 2021 во 10:20

Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму, кажа министерот за здавство Венко Филипче во Дневникот на ТВ Канал 5,  најавувајќи дека денеска Комисијата за заразни болести ќе има состанок на кој ќе бидат разгледани нови мерки.

Новите рестрикции ќе се однесуваат на невакцинираните, рече Филипче.

-Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем. Ние не можеме бесконечно долго да оставиме вака да биде преоптоварен здравтвениот систем, изјави Филипче.

Посочи дека во изминатите денови комуницирале за тоа какви мерки се воведени во земјите од регионот и во некои земји во Европа.

Потсети и дека од вчера е во сила мерката при влез во објекти и на настани граѓаните да приложат сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан Ковид 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Досега можеше да се влезе и со една доза примена вакцина.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.