Колона возила на Табановце – за влез се чека по 40 минути
На граничниот премин Табановце, за влез во државата се чека 30 до 40 минути, а на останатите премини нема подолги задржувања, соопшти Авто мото сојуз на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
АМСМ потсетува дека денеска ќе се врши минирање на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани поради што сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 12:00 и 15:00 часот во времетраење од 15 – 20 минути.