Кумановската касарна ќе се грее на гас
Објавено на 9 јули, 2021 во 12:10
Касарната „Боро Менков“ во Куманово, наредната зима ќе се грее на природен гас наместо на мазут и нафта.
Од Министертсвото за одбрана(МО) велат дека со промената на начинот на загревање, се влијае на зачувувањето на животната средина имајќи предвид дека природниот гас е поеколошки енергенс, додека истовремено се намалуваат средствата потребни за загревање на објектите во касарната.
Министерката Радмила Шекеринска денеска ќе се сретне со претставници на компаниите кои се избрани на јавната набавка за реализација на промената на начинот на загревање на касарните, по што ќе даде изјава за медиумите.