„Ла Ниња“ добива на интензитет: Временските непогоди ќе станат се поекстремни!

Објавено на 24 мај, 2025 во 09:12

Климатскиот феномен „Ла Ниња“ под чие влијание е и Македонија во моментов, во следните месеци, летни и есенски месеци, повторно ќе се интензивира. Тоа значи дека во следните две годишни времиња следуваат нови нагли и големи метеоролошки промени со по екстремни метеоролошки појави и временски непогоди, соопшти метеопрогнозерот Славчо Поповски.

„Ова се однесува за територијата на целиот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија каде што очекувам почести врнежи во следните месеци, како и се почести временски непогоди, кои за жал ќе бидат се по екстремни пред се поради климатските промени кои ни се случуваат.

Ла Ниња со себе ќе ни донесе почести поладни продори од север  и од североисток на Европа. Лето ќе имаме и ќе се оди на плажа, но според она што можам во моментов да го кажам на јавноста е дека во нашиот дел од Европа многу се мали шансите да има екстремно високи температури. Тоа значи дека очекуваме умерено топло лето без екстремно голема и долготрајна Африканска топлина.

Да се подготвиме за временските непогоди кои ни следуваат во следните месеци и секако граѓаните да ги следат МЕТЕОАЛАРМ актуелните најави и предупредувања,“ додава Поповски.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.