Лето без рестрикции
Повеќе нема полициски час, се дозволува на отворено организирање на концерти, журки во летни ноќни клубови, но со максимум 1.000 лица. Од денес и на свадба ќе може да присуствуваат повеќе од 100 гости, но не повеќе од 50 проценти од капацитетот на ресторанот.
Угостителите ќе можат да работата како пред пандемијата. Сепак и натаму рестораните за свадби без летни тераси остануваат затворени. Останува и мерката музичарите да можат да свират само на свадби, без играње ора.
Олабавувањето на рестрикциите се должи на подобрување на епидемиолошката слика во земјава која според здравствените власти е стабилна и го дозволува тоа.
Вчера беа регистрирани 29 нови случаи, немаше починати лица од ковид 19. Досега во земјата се направени вкупно 838.323 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.568, бројката на оздравени пациенти е 149.676, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 420.