Летот на авионот со ковчегот на кралицата го следеле повеќе од пет милиони луѓе
Објавено на 14 септември, 2022 во 10:13
Повеќе од пет милиони луѓе го следеа последниот лет на кралицата Елизабета Втора, чиј ковчег со нејзините останки беше пренесен од Единбург во Лондон, што е најголем број во историјата, објави сајтот за следење на воздушниот сообраќај „Флајрадар 24“.
Сајтот на кој можете да ги следите летовите на авионите низ светот, „Флајрадар 24“, објави дека 4,79 милиони луѓе вчера го следеле овој лет на Интернет, а уште 250.000 од нив го следеле летот преку платформата Јутјуб, пренесува „Ројтерс“.
Кралицата Елизабета Втора почина во Балморал, Шкотска на 8 септември, а нејзиниот погреб ќе се одржи на 19 септември во Вестминстерската опатија во Лондон.