Владата ќе го зголемува бројот на туристи во Охрид со изградба на аеродром на вода

Објавено на 14 ноември, 2012 во 14:03

Министерството за транспорт и врски за таа цел објави меѓународен повик за изградба на ваков аеродром на Охридското Езеро со напомена дека со него ќе се подобри националното  воздухопловство.

 

Владата преку постапка за доделување на концесија или договор за јавно приватно партнерство ќе избере партнер или концесионер од јавниот или приватниот сектор кој потоа ќе биде одговорен за имплементација на проектот. До 10 декември,година заинтересираните треба да достават изјава со краток опис на активностите на компанијата како и копии од финансиските и оперативите извештаи во последните три години.

Во повикот на министерството стои дека Охрид и Охридското Езеро се прогласени за светско наследство на УНЕСКО и се најатрактивно туристичко место во Македонија.  Со изградбата на   аеродромот на вода , Охрид,  ќе  има поголема поврзаност со други туристички места на Балканот.

Аеродромите на вода се вистинска атракција и предизвикуваат зголемување на бројот на туристи кои можат почесто да патуваат од едно  до друго место

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.