Британска фирма од отпадните води во Охрид ќе прави вода за пиење

Објавено на 23 ноември, 2012 во 09:59

Компанија со седиште во Британија и филијала во Италија специјализирана за третман на отпадни води и третман на цврст отпад подготвена да инвестира во Охрид. Стручен тим од компанијата престојуваше во посета на МЈП „Проаква“, а се сретна и со градоначалниците на двата крајезерски градови, Александар Петрески и Рамиз Мерко, објави www.Lihnid.com.

Според анализите кои ги направиле МЈП „Проаква“ е одбрана како најинтересна и најпогодна за инвестирање во Македонија. Гостите со Петрески и Мерко разговарале за проблемот со отпадните води кој мора под итно да се реши, но и за третманот на цврстиот отпад, при што понудиле решение  и за овој проблем.

„Тие ќе направат стручна анализа и ќе ни достават најекономични решенија, а после тоа подготвени се и за  инвестирање. Тука гледаме реална шанса и можност овој проект навистина да биде реализиран. Дали тоа ќе биде приватно партнерство, донација или нова фирма, ова прашање го оставивме на крај кога ќе ги дефинираме сите други технолошки и технички работи.“ изјави Златко Старкоски директор на МЈП „Проаква“.

Како што се развива технологијата и технолошкиот напредокот во светот има многу начини каде пречистувањето на водата доаѓа до перфекција, односно до вода за пиење. Првичната идеја е на излезот од Охрид да има уште една пречистителна станица, со што ќе се намали протокот спрема Струга, затоа што голем проблем ни претставува должината на колекторсиот ситем од Пештани до Враништа и од Елен камен до селото Враништа, која прави огромни трошоци.

До крајот на годинава преставици на оваа фирма повторно треба да престојуваат во Охрид, а на повидок е една добра и стабилна соработка, објави Lihnid.com

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.