Во Македонија, викендов, променливо облачно!

Објавено на 1 декември, 2012 во 11:05

Викендов во Македонија времето ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб ветар од јужен правец.

 

Во недела ќе има  повремени врнежи од дожд, а на планините ќе паѓа повремен снег.

Од АМСМ информираат дека сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата, денеска, ќе се одвива без забрани, по влажни коловози. Поради можна појава на одрони внимателно треба да се вози на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово. Внимателно треба да се управуваат моторните возила и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес. Патот е во изградба.

Сите возачи, во возилата од 15 ноември до 15 март наредната година, задолжително треба да носат зимска опрема.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.