Во Струмица блесна реконструираното шеталиште од плоштадот до паркот!
Објавено на 6 декември, 2012 во 09:33
Од синоќа блесна шеталиштето од градскиот плоштад до паркот, односно од кафе барот „19“ до пред споменикот на Револуцијата, објави www.jugoinfo.mk.
Светнаа вкупно 17 канделабри и му дадоа посебен сјај на овој дел од познатото струмичко корзо во вечерните часови. Шеталиштето каде што се поставени новите канделабри е целосно реконструирано, извршено е поплочување со гранитни плочки во комбинација со травертин кои целосно му дадоа нов модерен лик на најфреквентното шеталиште во Струмица. По завршувањето на уште некои детали, ќе биде поставена комплетно нова урбана опрема.
Реконструкцијата на овој дел од шеталиштето, на вкупна површина од две илјади метри квадратни е финансирана од буџетот на општина Струмица.