Денеска снег, од среда кратко стабилизирање и многу студ!

Објавено на 11 декември, 2012 во 08:00

Синоптичарите за вторник  прогнозираат умерено облачно и нестабилно време  со поинтензивни врнежи од снег.

Утринските температури ќе се движат во интервал  од -11°C до -2°C, а максималните дневни температури од -2°C до 5°C.

 

Од среда времето ќе се стабилизира, велат од УХМР. Ќе биде претежно сончево со локална облачност и студено. Утринските температури ќе се движат од -12°C до -3°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5°C.  И во четврток во утринските часови ќе има појава на мраз, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и студено. Утринските температури од -15°C до -6°C, а максималните дневни температури ќе се движат до 5°C.

Студено утро не очекува и во петок кога ќе има појава на мраз,  а утринските температури ќе се движат од -15°C до -6°C. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. ќе дува слаб ветар со променлив правец. Максималните дневни температури ќе достигнат до до7°C.

Од сабота, според УХМР следува  повторно дестабилизација на времето но и пораст на температурите. Ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и снег. Врнежи од снег ќе има на ридско-планинските предели и на планините. Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од  -9°C до 0°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 1°C до 7°C. Во недела во Македонијаке биде облачно со врнежи од дожд и потопло. На ридско-планинските предели и на планините со врнежи од снег. Утринските температури ќе се движат од -6°C до 3°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 9°C.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.