На патиштата голомрзица и одрони!
Објавено на 14 декември, 2012 во 09:47
Возачите внимателно да возат.
Забрана за движење на камиони и автобуси има на патниот правец Тетово-Попова Шапка.
Поради многу ниски температури можни се подмрзнувања. Се препорачува исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината на движење кон условите на патот.
АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
