Ден на протести!
Социјалците излегоа на улица и бараа да си оди опозицискиот лидер Црвенковски.
Организирани во колони група граѓани денеска беше донесена на протести пред македонското собрание. Медиумите објавуваат дека дел од нив стоеле скриени зад зградата на ССМ. Иако дошле да протестираат поради некое незадоволство никој не сакал да зборува со новинарите и да си ја каже маката. Единствено барале Црвенковски да си оди.
Групата протестанти ја сочинувале и луѓе кои се претставуваат како социјалци, а биле облечени со јакни од 400 евра. Имало навреди и за жените на СДСМ кои носеле хуманитарна помош во Црвениот крст. Тие пак препознале луѓе вработени во администарцијата и тврдат дека насила администрацијата се носи на улици и се претставуваат како социјалци. Видливи биле и списоци за евиденција. Се претпоставува дека тоа биле списоци за присуство на протестот.