Македонци заглавија на белградскиот аеродром!
Објавено на 17 декември, 2012 во 11:12
Патниците синоќа требале да полетаат со авион на српската компанија ЈАТ од Белград за Скопје.
Летот постојано им се откажувал па преноќиле во чекалната на аеродромот. Педесетината патници се јавиле во редакцијата на весникот Дневник и се жалеле на немарниот однос на компанијата и на аеродромските власти кои наместо сместување во хотел ги оставиле да седат на аеродромот. Меѓу нив имало и патници кои претходно долетале од Австралија и кон Скопје требале да летаат со авион на ЈАТ.
Маглата беше причина и за откажаните слетувања на скопскиот аеродром од Виена и од Љубљана. Од Александар Велики не полетаа авионите кон Виена, Љубљана и Загреб. Одложени се и утринските летови од и за Истамбул и Белград. Единствено полетал авионот за Бергамо.