И по патот Маврово – Дебар, од утрово, не се движат камиони!
Објавено: 18 декември, 2012, во 10:22 часот
На патниот правец Маврово-Дебар е воведена забрана за движење на тешки товарни возила поради врнежи од снег кој останува на коловозот. Забраната е со важност од 8 часот и 20 минути.
И на патниот правец М4 Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража не се движат камиони. Оваа забрана е со важност од пред неколку дена.
