Протести и контра протести!
Објавено на 23 декември, 2012 во 18:57
И опозицијата се подготвува за контрапротести.
Вакви најави се во оптек откако денеска иницијативата “Фронт на народот, фронт за Македонија“ најави дека утре ќе се организираат масовни протести пред Собранието, за да се искаже незадоволство од блокадата на опозицијата.
Некои портали објавија дека во повеќе градови во земјата штабовите на опозициските партии се самоорганизираат и вршат притисок на централата и тие да организираат протест пред парламентот утре на пладне.
Дали опозицијата ќе излезе на контра протест ќе одлучи раководството на СДСМ и на останатите опозициони партии на вечерашнава седница.