Внимателно да се вози на планинските превои!
Објавено на 8 јануари, 2013 во 08:57
По наместа влажни коловози но без забрани или ограничувања се одвива сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата.
Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.
Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.
По внимателно да се вози на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите, препорачуваат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.