Коловозите наместа се влажни!
Објавено на 10 јануари, 2013 во 08:31
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Поради ниските температури на мостовите, засеците, клисурите и осојничави места има појава на голомразица.
Од АМСМ препорачаа поголема внимателност при управувањето на возилата на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои можат да го попречат движењето на возилата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Задолжително е носење на зимска опрема во возилата.
