Утрово снег, во текот на денот облачно!
Објавено на 11 јануари, 2013 во 08:02
Времето во Македонија, денеска, ќе биде променливо облачно со кратки сончеви периоди.
Утрово паѓаше слаб снег.
Претпладне и во вечерните часови ќе има врнежи од дожд и снег на пониските, а на повисоките места и планините само од снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Температурата во текот на денот ќе се движи од 2 до 6 степени Целзиусови.
