Внимателно возете!
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено. Коловозите, на места се влажни. Поради ниските температури има појава на голомразица на мостови, засеци, клисури и на осојничави места.
На повисоките места пред се во западниот дел на Републикава паѓа слаб снег додека во пониските делови врне дожд. Магла има на планинскиот превој Крушево со видливост од 1000 метри.
Слаби врнежи од дожд се бележат на планинскиот превој Стража и во југозападниот дел од државата. Појава на магла има на планинскиот превој Ѓавато, со видливост од 50 метри.
Внимателно треба да се вози на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово поради честа појава на одрони кои може да го попречат движењето на возилата. Ниските утрински температури, на повисоките и осојничави места, појавија голомразица на коловозите.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Задолжително е носење на зимска опрема во возилата.
