Опозицијата со „Отпор против режимските лаги“!

Објавено на 12 јануари, 2013 во 09:43

Маршот на здружената опозиција ќе се одржи во Скопје. Ќе почне точно напладне, пред  градскиот стадион на платото спроти телевизија Сител. Потоа демонстрантите ќе продолжат да се движат кон зградата на владата а ќе завршат пред зградата на Македонската радиотелевизија.

 

Според пратеникот на СДСМ, Андреј Петров маршот на здружената опозиција ќе ги обележи и посочи главните центри кои ја кријат вистината и спроведуваат медиумски мрак. Здружената опозиција, не сака да биде сфатена дека врши притисок врз медиумите, ниту пак сака да влијае врз уредувачката политика, рече Петров.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.