Волерс: Не е корисна работа бојкотот на избори!

Објавено на 12 јануари, 2013 во 18:23

 

„Бојкотот на изборите од ниту една партија не е корисна тактика,“ одговори на новинарско прашање  американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс.  Тој препорача партиите да изнајдат начин како да го надминат тоа. 

„Сметаме дека собранието е местото за дискусија и дебатирање на отворените прашања.  Не сметаме дека бојкотот од било кого е од помош и корисен. Тоа го велиме со години кога и други партии се обидуваа да бојкотираат. Сметаме дека тоа не е многу корисна тактика. Условите во парламентот треба да бидат отворени и транспарентни, за да можат партиите слободно да дискутираат 
за сите парашања таму“, рече Волерс.

Волерс, кој денеска со другите претставници од дипломатскиот кор се запознаваше со беровската традиција и култура, на ваториот ден од традиционалниот прием на претседателот Ѓорге Иванов за странските дипломати во земјава организиран во Берово, потврди дека САД и другите организации се расположени да ги мониторираат престојните локални избори, како што тоа го правеле и во претходните изборни циклуси.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.