Опозицијата има само еден услов – фер и демократски избори!

Објавено на 12 јануари, 2013 во 19:17

 

Првиот социјалдемократ, Бранко Црвенковски од денешниот„ Марш против режимските лаги“, повика на предвремени парламентарни избори како единствен излез од медиумскиот мрак, загрозениот слободен говор и  суспендираната демократија во Македонија.

 

„Се запали огнот на слободата, против оваа тиранија, насилството, аздисаност, криминал и неправда. Јасно им е дека колата им тргна надолу, и тука запирање нема. Седум години овој народ трпеше и молчеше. Црниот понеделник е најголемиот срам за Македонија. Тој 24 декември е ден што нашата историја ќе го памети како ден кога започна македонскиот отпор. Сакаат сè да заборават. Им порачувам заборавање нема, проштевање нема. Ги слушаме дека народот им дал мандат да владеат четири години. Да, ама не им даде Устав и Закон да кршат. Пратеници и новинари да тепаат. Единствено решение за оваа криза се нови парламентарни избори,“ рече Црвенковски.

Пред учесниците на маршот, меѓу другите, се обрати и лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер Љубчо Георгиевски, кој оцени дека слободата и демократијата се загрозени и дека принципите на ЕУ, кон која, како што рече, треба да се стремиме, се уништуваат.

Отпорот против режимските лаги започна пред телевизија Сител и според опозицијата не бил насочен против уредувачката политика и избраната политичка страна, туку затоа што ја користела националната концесија да пласира лаги и манипулации а заврши пред зградата на јавниот сервис МРТВ која се финансира од граѓаните, а според опозицијата не ги штити граѓанските и демократските интереси, туку единствено партиско режимските. Поворката на опозицискиот Отпор денеска мина и пред зградата на Владата и на Парламентот.

Протестот заврши мирно и без инциденти со силно полициско обезбедување.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.