Внимателно возете!
Објавено на 13 јануари, 2013 во 08:53
Влажни коловози и одрони денеска ќе има на коловозите на магистрални и регионални правци во државата.
Сообраќајот се одвива без забрани и ограничувања, но по влажни коловози, а на некои места има остатоци од кашест снег.
Ниските температури на одредени сообраќајници можно е да појават голомразица.
Возилата, посебна внимателно треба да се управуваат на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово, поради почеста појава на одрони.
Задолжителна е зимска опрема во возилата, потсетуваат од АМСМ.
