Денеска се слави Св. Василиј Велики!

Објавено на 14 јануари, 2013 во 10:36

 

Според Јулијанскиот календар денеска е 1 јануари.  Се слави Обрезение господово и Св. Василиј Велики. Осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храм и обрезан. Обрезението е дел од тајната на крштението и има значење и во новозаветната црква. Празникот се празнувал уште во првите векови на христијанството.

 

Де­нес се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Василиј е еден од тројцата најголеми црковни учители од четрвтиот век.  Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил го­лем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.

Поради совпаѓањето со празникот на Свети Василиј овој празник во народот најчесто е познат како Василица, а тоа најповеќе асоцира на обичаите и верувањата поврзани со Новата Година. Василица се паѓа во периодот на некрстени денови, период што трае од Божик до Водици, кога според легендата Исус не бил крстен и ѓаволите се мачеле да го излажат да не се крсти и да не се исполни волјата божја.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.