Не очекува променливо време со дожд!
Во Македонија денеска во претпладневните часови ке биде претежно облачно, попладне нестабилно со врнежи од дожд и ветровито.
На планините над 1300 метри надморска висина ќе има врнежи од снег. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветер, кој понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ке се движат од -1°C до 6°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 3°C односно до 12°C.
За во среда во утринските и претпладневните часови синоптичарите прогнозираат престанок на врнежите од дожд. Ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Но, во вечерните часови ќе има ново наоблачување кое се очекува да донесе врнежи од дожд, а на планините над 1200 метри врнежи од снег. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветер. Ветерот ке достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 1°C до 7°C, а максималните дневни температури ке се движат од 5°C до 14°C.
И во четврток времето ќе биде умерено облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд особено попладне. Врнежи од снег се очекуваат на планините над 1000 метри надморска висина. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветер. Ветерот ке достигне брзина и до 35 км/ч. Утринските температури ке се движат -2°C до 4°C, а максималните дневни температури ке се движат од 3°C до 12°C.
