Ерван Фуере не може без Охрид, пак ќе скока по бурето со вино!

Објавено на 18 јануари, 2013 во 08:23

Пензионираниот ирски дипломат и поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, специјално ќе допатува во Охрид за да биде дел од чествувањата за празникот Богојавление – Водици, објави www. Оhrid News. com.mk

Организаторот на манифестацијата, здружението на граѓани „Богојавление“, информира дека Фуере најавил оти ќе учествува во традиционалното зимско капење за Денот на рибарите кога во осветените езерски води  се фрлаат буриња со вино.

Искусниот дипломат до сега два пати има допливано до буре со вино.

Ерван Фуере од 2010 година е почесен граѓанин на Охрид.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.