Слаб снег кај Маворово и Крива Паланка!

Објавено на 19 јануари, 2013 во 09:00

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ земјата се одвива без забрани и ограничувања, по влажни коловози, со умерен интензитет на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини.

Според најновите информации добиени од Диспечерско-информативниот центар на Јавното претпријатие „Македонија пат”, слаби врнежи од снег се бележат во Маврово и Крива Паланка, но снегот не се задржува на коловозот.

Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

Од Автомото сојузот на Македонија, исто така, информираат дека на граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.