Груевски за лидерска средба – СДСМ за парламентарни избори!

Објавено на 19 јануари, 2013 во 16:46

 

Премиерот Никола Груевски, синоќа на Канал5, ја отвори можноста директно со лидерите на најголемите политички партии да разговара за проблемите во државата, но не и да го прифати барањето за предвремени парламентарни избори.

 

„Црвенковски вели дека причината да не се оди на избори е дека немаме легитимитет. Ние шест години сме на власт и на шест избори по ред граѓаните нас ни ја даваат довербата. Политиките на Црвенковски во моментов не се прифатливи за граѓаните, туку тие ги избраа нашите политики многу пати по ред,“рече Груевски.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, не отстапува од барањето за предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

„ Ние сме подготвени да постигнеме политички договор, но нашиот став е многу јасен: прифаќаме избори организирани според демократските критериуми, ако се фер и не отстапуваме од барањето парламентарните избори да се одржат заедно со локалните,“ рече портпаролот на СДСМ, Емилијан Станковиќ за Плусинфо.

Политичката криза во Македонија се создаде откако во собранието без присуство на опозицијата беше изгласан буџетот. Опозцијата беше отстранета од собраниската сала, по што СДСМ најави серија протести низ државата.

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.