Ограбена уште една златара во Охрид!

Објавено на 20 јануари, 2013 во 20:09

 

Непознати сторители денеска околу 15 часот насилно упаднале во златарницаta „Прима Голд“ во Охридската чаршија и побарале да разгледаат накит по што со дел од него избегале , објави Лихнид. ком. .

Од СВР Охрид ја потврдија кражбата и информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

За кус период ова е втора кражба во златарница, а трета голема кражба што се случува во Охрид. Неодамна, исто така непознати сторители од златарница „Голд“ кај Чинарот одзедоа златни премети во вредност од околу 100.000 евра, а два дена подоцна беше нападнат и ограбен сопственик на менувачница, од кој беа одземени 120.000 евра.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.