Попова Шапка и Стража магла!

Објавено на 21 јануари, 2013 во 09:00

Според најновите информации добиени од „Македонија пат”, врнежи од дожд се бележат во Маврово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и Павлешенци.

 

Инаку, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани и ограничувања, по наместа влажни коловози.

Поголема внимателност е потребна на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.