ЗНМ: Пад на слободата на медиумите во Македонија!

Објавено на 30 јануари, 2013 во 19:14

За дури 22 места на листата Македонија бележи пад на индексот за слобода на медиумите.

Според “репортери без граници“ земјава се наоѓа на ниското 116 место под  Нигерија и Венецуела. Само четири европски земји, Украина, Русија, Турција и Белорусија се подолу од Македонија .

 

Здружението на новинарите на Македонија со жалење констатира дека ова оценка реално ги отсликува состојбите во македонските медиуми. Идентично видување на состојбите има и ЗНМ за што постојано сме алармирале изминатата година.

Загрижувачки е фактот што Македонија во индексот најниско рангирана по слободата на медиумите од сите земји на Балканот. Во извештајот Македонија посебно се споменува во негативен контекст како земја која забележала пад од 22 места поради арбитрарното одземање на дозволи за работа на медиуми и поради влошување на условите за работа на новинарите.

За споредба, Македонија во рангирањето  се наоѓа под Нигерија и пред Венецуела. Само четири европски земји, Украина, Русија, Турција и Белорусија, се подолу рангирани од Македонија.

Само пред четири години Македонија беше на високото 34 место на ова листа на Репортери без граници.

Крајно време е владините институции, но и политичките партии и јавноста да се соочат со фактот дека слободата на медиумите во Македонија е сериозно загрозена и не може да се надмине без суштинска промена на односот кон работата на медиумите и на новинарите. Потребна е силна политичка волја да се ослободи просторот медиумите да можат да ја остварат мисијата што ја имаат во секое демократско општество како “watchdog” и како отворена платформа за дебата за прашања од јавен интерес.

Лошиот имиџ во светот за слободата на медиумите за Македонија нема да се смени се додека Владата и политичките партии ги третираат медиумите како средство за манипулација со јавноста и како средство за политичка пресметка со противниците.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.