Кај Страцин, одрони на патот!

Објавено на 31 јануари, 2013 во 08:52

 

Поради одрони на патниот правец Куманово-Крива Паланка, пред Страцин,  сообраќајот се одвива наизменично.

 

Дежурните екипи на Македонија пат се на терен и го расчистуваат патот.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, во зимски услови, по претежно суви коловози.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се на терен и редовно ги контролираат и одржуваат проодни сите патни правци.

По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово- Дебар- Струга, Демир Капија- Удово и Катланово- Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.