Сиромаштијата, семејното насилство и нефункционалноста на институциите удрија по децата!

Објавено на 31 јануари, 2013 во 19:07

 

Лани, првата детска амбасада Меѓаши, на СОС телефонот, регистрирала 397 дојави со кои се опфатени 597 деца. Сите се пожалиле на нарушени основни права.

 

Поради страв да пријават се откажале многу повеќе деца, стравуваат во Меѓаши.

Храбрите, или оние кои го завртеле добро познатиот број за помош, се жалеле дека семејствата не можат да им обезбедат храна, образование или други основни потреби. Во ваква состојба биле 111 деца.

106 деца биле жртви на семејно насилство.

Злоставувањето и тепањето на децата често завршува и фатално по нивниот живот, како во случајот кога пред само неколку дена радовишанец до смрт го претепа своето осумгодишно дете.

57 пак се пожалиле дека институциите ги изоставиле или не реагирале навреме.

Децата  пријавиле и насилство во училиште. За помош во Меѓаши се обратиле 33 деца, додека да пријават сексуална злоупотреба имале храброст 18 деца.

Имало и деца што ја изгубиле вербата во надлежните институции. Од Меѓаши информираа за последниот случај кога во нивните простории, пред само неколку дена, помош побарала жена со петмесечно бебе. Била жртва на семејно насилство на која никој не можел да и помогне затоа што после 17 часот сите институции веќе биле затворени.

Од Меѓаши проговорија и за честата сликата на градските улици со  деца питачи и апелираа државата да се запраша што со нив и каде живеат?

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.