Внимателно возете, можна појава на одрони во клисурите и засеците!

Објавено на 3 февруари, 2013 во 09:02

 

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по претежно суви коловози.

 

Влажни коловози се бележат на повисоките планински и осојничави места.

По клисурите и засеците можна е почеста појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес, кои можат да го попречат движењето на возачите.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен, редовно ги контролират и одржуваат проодни сите патни правци.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Задолжително е носењето на зимска опрема во возилата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.