Дваесет и шест заболени од легионерска болест во Куманово!
Објавено на 20 февруари, 2013 во 17:52
Центарот за јавно здравје ја соопшти информацијата по истражување на терен кое го направиле епидемиолозите и откриле дека нема епидемиолошка поврзаност меѓу заболените.
Болеста успешно се лекува доколку навреме се дијагностицира и се зема специфична терапија.
Бактеријата легионела најчесто се размножува во влажни или климатизирани простории, простории кои користат централно греење или ладење, базени, спа центри.
Извор: Радио Слободна Европа