Облачно со пороен дожд!
Објавено на 14 март, 2013 во 07:50
Во Македонија денеска времето ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд.
Наместа ќе наврнат над 50 литри на метар квадратен.
Локално ќе има појава на невреме со поројни врнежи, грмежи и услови за изолирана појава на град.
Ќе дува засилен, повремено и силен јужен ветер со брзина над 90 километри на час.
Температурата ќе се движи пет до 15 степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време, со температура до 14 степени Целзиусови.
